5
мар
2015
Праз со блитва и соја
Празот и блитвата ситно ги сецкаме и ги ставаме на загреано масло да се пржат. Пржиме 10 минути, а потоа ги додаваме сојата и оризот. Пржиме уште 5 мин и ја додаваме исецканат пиперка и водата. Сето тоа го оставаме да вари 10 минути. Потоа во чаша ставаме малку вода и го ставаме брашното и црвениот пипер. Брашното, црвениот пипер и водата добро ги промешуваме за да немаат грутчиња и ги додаваме во тенџерето со празот. Сето тоа го пржиме уште 5 мин и ги додаваме мешан сув зачин и солта.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови