Мафините подгответе ги според упатството на кесичката и на крај додадете ги мелените ореви и какао лушпите.
Распоредете ги во калап за мафини (12 мафини) и печете според упатството.
Декорација
Силиконскиот калап односно формите на ѕвездички тенко премачкајте ги со масло и дното посипете го со шеќерни трошки.
Претходно белото чоколадо се топи на пареа и калапчињата се полнат една третина и се оставаат убаво да се изладат.
На страна топиме темно чоколадо кое ќе ни послужи да ги залепиме ѕвездичките.
Печените мафини оставаме да се изладат убаво па ги декорираме со ѕвездите и наросуваме шеќер во прав.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови