Прво подолго се мати јајцето со шеќерот.
Се исклучува миксерот и се додаваат постепено млекото, растопениот путер, сокот од портокал, па постепено сите суви состојки.
Лесно со шпатула се промешува и се става смесатаа во калап за мафини, може силиконски или тефлонски обложен со хартиени корпи.
Се полнат по 2/3.
Од оваа смеса излегуваат 12 мафини.
Се печат околу 15 минути на 200 степени.
Се вадат на решетка да се изладат.
На страна се мати чоколадниот шлаг и се декорираат мафините со шприц.
Ја завршуваме декорацијата со парченца аранчини, слатко од вишни, чоколадни трошки.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани