Испечати

Празнични чоко оранж мафини

Празнични чоко оранж мафини

Состојки

  • 1 јајце
  • 150гр шеќер
  • 240мл млеко
  • 90гр растопен путер
  • 1 лажица сок од портокал
  • 250гр брашно
  • 1 лажиче прашак за пециво
  • 1/2 лажиче сода бикарбона
  • 2 лажички квалитетно какао
  • 100гр црно сецкано чоколадо
  • кора од еден портокал
  • Декорација
  • 1 чоколаден шлаг
  • 150мл млеко
  • аранчини, вишни, чоколадни трошки

Подготовка

Прво подолго се мати јајцето со шеќерот.
Се исклучува миксерот и се додаваат постепено млекото, растопениот путер, сокот од портокал, па постепено сите суви состојки.
Лесно со шпатула се промешува и се става смесатаа во калап за мафини, може силиконски или тефлонски обложен со хартиени корпи.
Се полнат по 2/3.
Од оваа смеса излегуваат 12 мафини.
Се печат околу 15 минути на 200 степени.
Се вадат на решетка да се изладат.
На страна се мати чоколадниот шлаг и се декорираат мафините со шприц.
Ја завршуваме декорацијата со парченца аранчини, слатко од вишни, чоколадни трошки.