Испечати

Празнични Фантазија мафини

Празнични Фантазија мафини

Состојки

  • 1 пакување мешавина за чоко мафини Фантазија
  • 2 јајца
  • 100 мл масло
  • 75 мл вода
  • 50 гр мелени ореви
  • За декорација
  • 50 гр бело чоколадо
  • шеќерни трошки
  • 30 гр црно чоколадо
  • шеќер во прав

Подготовка

Мафините подгответе ги според упатството на кесичката и на крај додадете ги мелените ореви и какао лушпите.
Распоредете ги во калап за мафини (12 мафини) и печете според упатството.
Декорација
Силиконскиот калап односно формите на ѕвездички тенко премачкајте ги со масло и дното посипете го со шеќерни трошки.
Претходно белото чоколадо се топи на пареа и калапчињата се полнат една третина и се оставаат убаво да се изладат.
На страна топиме темно чоколадо кое ќе ни послужи да ги залепиме ѕвездичките.
Печените мафини оставаме да се изладат убаво па ги декорираме со ѕвездите и наросуваме шеќер во прав.