Прекрасна декоративна погача, мека како душа, прекрасен мирис на путерот, превкусна, топло ви ја препорачувам. Верувајте ќе ја краси вашата празнична трпеза.

Подготовка:

1. Се замесува средно меко тесто од сите наведени состојки, освен путерот. (Квасецот активирајте го дирекно во брашното, каде ќе месите.) Се остава да дуплира волумен.
2.Се дели на два дела еден поголем - две третини и еден помал - една третина. Од поголемиот дел се вадат 8 топчиња, се отвораат колку голема плитка чинија, се премачкуваат со омекнат путер, се редат едно врз друго. Последното не се мачка. Се отвораат колку тепсијата.
3. Се става на хартија во тепсија број 36. Се засекува на 8 и се враќаат наназад парчињата, убаво да се наредат скалесто како на фотографиите.
4. Од помалиот дел се вадат 5 топчиња. Од 4 се отвораат кори колку голема плитка чинија, се премачкуваат со путер, последното не се мачка. Се сечат на 8 триаголници. Се ставаат по два триаголници еден врз друг и се виткаат во кифла. Се става во средината.
5. Од едното топче што ни остана, се отвора правоаголна кора, се сечат четири ленти, се рецкаат, се виткаат и се ставаат во празнините меѓу кифлите. Се кисни 45 мин. Се премачкува со разматена белка, наросува со сусам и ким.
6.Се пече околу 50-60 мин., прво на 220 додека добие боја, а потоа на 180 степени, во претходно загреана рерна. После 15 мин.може да се врти и да се покрие со фолија.
За многу години сите престојни празници ❤

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани