Празнична торта (посно)
Стар рецепт но еден од најдобрите за посна празнична торта.Оваа торта толку е кремаста и вкусна што остава впечаток дека е мрсна,особено филот е прекрасен.
Морковите ги вариме и потоа ги пасираме како пире.Морковите ги матиме со шеќерот и ванилите.Потоа ги додаваме сите останати состојки убаво мешаме со дрвена лажица и печеме.Тортата ја печеме во плех со димензии 20 на 40 цм на 180 степени околу 20 минути.
Фил
Прво маргаринот го матиме со шеќерот до кремаста структура.
Во посебен сад ги ставаме мелените бисквити,мелените ореви,кората и сокот од портокал и во оваа смеса додаваме кока кола колку да се добие кремаста смеса.Од оваа смеса постепено додаваме кај маргаринот и матиме до соединување.
Тортата ја филуваме млака.
Ја прелеваме со стопено чоколадо.
На здравје!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови