Подготовка:
1. На почеток направете го шербетот зашто треба да биди ладен. Ставете го шеќерот во водата и варете го 6-7 минути. Тргнете го и додајте го лимонот и ванилата.
2. За тестото, ставете ја водата да зоврие. Брашното и нишестето просејте го. Во водата ставете го маслото, ванилата и шеќерот и кога ќе зоврие наеднаш ставете го брашното. Измешајте убаво да се спои, изгаснете ја ринглата и пропржете го тестото уште една минута, две. Оставете го да се олади колку да можете да го измесите. Месете го две-три минути.
3. Тестото можете да го истискувате и преку шприц, а јас директно ставав во калапчето и го стегав со прст. Ги сечев мали, отприлика 2 цм. Сечените тулумбичиња наредете ги на табла.
4. Убаво загрејте го маслото. Пржете ги во жешко масло. Во текот на пржењето мешајте ги за да се испржат убаво од сите страни. Пржете се додека не заруменат убаво од сите страни.
5. Со решетка вадете ги од маслото, ставете ги најпрво на салфетка за да се исцедат од маслото па одма жешки ставајте ги во ладниот шербет. Две-три минути нека стојат во него и вадете ги.
Преубави се, крцкави, вкусни, многу наликуваат на тулумби од слаткарница.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови