25
мар
2015
Лепчиња со чоколада (посно)
Во сад за месење ставете ги брашното, шеќерот, квасецот изронат, маслото, солта, екстрактот и со постепено додавање на водата замесете меко тесто. Сега, додајте ја и чоколадата и тестото повторно измесете го да се изедначи. Покриено оставете го околу пола сат да скисни.
Откако ќе скисни премесете го и поделете го на 12 дела и од секое делче оформите топче.
Наредете ги во плех со хартија и оставете ги да скиснат 30минути.
Во меѓувреме загрејте ја рерната на 180 степени.
Ставете ги да се печат околу 30-35 минути.
Кога се печени извадете ги и покријте ги со фолија и крпа.
Оставете ги да оладат и потоа послужете ги со мармалад и чај по вкус.
Лиценца: Сите права се задржани