Подготовка
1. Квасецот се раствора во топлата вода
2. Брашното, квасецот и сите останати (освен какаото) состојки се замесуваат
3. Тестото се дели на 2 дела-еден поголем и еден помал
4. Во помалиот дел се додава какаото
5. Се рассукува кора од белото тесто и врз него се рассукува и кафеното тесто (во голема кора како на сликата)
6. Кората се попрскува со кокос (околу 70-80 гр) , се премачкува целата со џем и се расфрлаат сечканите ореви врз неа - полесно е (или како јас што направив на секое парче ставав посебно)
7. Се сече целата кора на коцки со големина 5см. на 5 см. и се преклопува на пола или пак се витка како кифличка
8. Се печат во намрсено плехче

Шербет
1. Се вари шеќерот со водата во шербет 10ина минути.
2. Секое печено колаче се потопува во шеретот и по 1 минута се вади од него и веднаш се валка со кокос

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани