Посни колачи визитарки
Се мери со исто филџанче.Со кое ќе почнете со тоа се ставајте.
Од сите состојки се замесува тесто.
Се остава да стаса.
Тестото кога е дуплирано се дели на два дела.
Во едниот дел се става какао.
Се расукува кафениот дел,а исто така се расукува и белиот дел,па се редат едно врз друго и се мине со сукалката уште еднаш врз тестото да се соедини.
Од целата кора се витка ролат.
Почнуваш да виткаш па сечеш лента со ножот,по должината на тестото.
Пак почнуваш да виткаш па пак сечеш лента со ножот.
Од целата кора би требало да испаднат околу 5 до 6 ролати.
Од секое ролатче сечеш парчиња.
Ги редиме во плех и печеме.
Откако се печени и изладени ги пуштаме во зовриен шербет.
Нека се превртат неколку пати и се вадат со лажица решетка и се валкаат во мелени ореви.
Забелешка
Следново правење ќе ставам слики од превиткувањето и сечењето на лентите.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови