Посни велигденски грицки
1. Во еден сад промешајте ги сувите состојки, а во друг сад течните состојки. Постепено додавајте ги сувите состојки во садот кај пивото, па мешајте со лажица. Во зависност од брашното, дали е меко или не, додајте брашно. Мислам дека не би требало, но ако ви лепи додајте уште прстофат.
2. Набрашнете ја површината, па со сукалка развлечете кора. Вадете фигури со калапчето, па редете ги директно на Делимано тавата или на хартија за печење во друга тава.
3. Печете ги во загреана рерна додека да заруменат. Вкусни, здрави и најубави грицки. Уште еден убав предлог за Велигденската трпеза.
За многу години денот.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
А семки од бор се пињоли, така Наде?