Едноставни за подготовка, а стојат долго време. Убави грицки.
Во еден сад се соединуваат солта, маслото, киселата вода, па се додаваат семките, пецивото и двата вида на брашно.
Убаво се меси со раце.
Се сучи кора со дебелина од 4-5 мм и со калапче елкичка се вадат форми.
Се редат во тава за печење и се печат на 200 степени околу 15-20 минути, малку да поруменат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани