Водата и шеќерот се ставаат на оган додека се стопи шеќерот. Се додава какаото и се меша додека зоврие па се додава и маргаринот. Постојано се меша да се спои маргаринот со шербетот и се додава и чоколадата. Се трга настрана, па им се додаваат оревите и бисквитите. Убаво се меша и се остава да се олади.
Се зема првиот лист од обландите и се става со мазната страна од доле, па се премачкува листот. Се редат и другите три листови и се мачкаат со фил. Од филот се остава околу 8 лажици за да се спојат елките.
Најгорниот лист не се филува.
Обландите се притиснуваат со некоја книга или потешка даска и се ставаат околу 1 час во фрижидер за полесно да се исечат.
Најпрво се сечат на 4 дела по должина.
Секоја трака се исправа вертикално и со остар нож се сече дијагонално. Од добиените две траки со помош на филот се добиваат прекрасни елкички.
Постапката се повторува со сите 4 траки и се добиваат 4 триаголници кои се сечат на потенки парчиња.
Обландите се многу интересни и погодни за овие празници.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела