Елкички - посни грицки
Состојки
- 150гр бело брашно
- 150гр интегрално пченично брашно
- 100 мл кисела вода
- 1/2 лажиче сол
- 1/2 кесе пециво
- 50гр мелени семки од сончоглед
- 50гр мелени семки од тиква
- 30гр семки од лен
- 150мл масло( сусамово, маслиново...)
Подготовка
Едноставни за подготовка, а стојат долго време. Убави грицки.
Во еден сад се соединуваат солта, маслото, киселата вода, па се додаваат семките, пецивото и двата вида на брашно.
Убаво се меси со раце.
Се сучи кора со дебелина од 4-5 мм и со калапче елкичка се вадат форми.
Се редат во тава за печење и се печат на 200 степени околу 15-20 минути, малку да поруменат.