Посна кростата со мармалад
Подгответе го тестото
Во сад се ставаат сите состојки и се замесува тесто. Тестото се префла на набрашнета работна маса и се до измесува додека стане мазно. Се витка во проѕирна фолија и се остава во фрижидер околу 30 мин.
Калапот за кростата бр. 28 намачкајте го малку со маргарин и посипете го со брашно, а рерната вклучете ја да се загрее на 180 степени.
Се вади тестото од фрижидер, се остава одприлика 1/4 тесто за украсување, а другиот дел со сукало се развекува кора во големина на калапот. Се става во калапот, се подрамнува по ѕидовите и се боцка со вилушка. Се мачка со мармаладот и се украсува по желба со останатото тесто.
Ставете ја да се пече околу 30-35 мин, додека добие кремаста боја.
Кростатата послужете ја ладна посипана со шеќер во прав.
Лиценца: Сите права се задржани