Посна кростата со мармалад
Состојки
- Тесто
- 200 гр маргарин омекнат на собна температура
- 400 гр брашно
- 170 гр шеќер
- 1 ванила
- рендана кора од 1 лимон
- сок од половина лимон
- 1/2 лажиче прашак за пециво
- 8-10 лажици млака вода
- Фил
- 6-7 лажици мармалад од јагоди или каков ќе имате
Подготовка
Подгответе го тестото
Во сад се ставаат сите состојки и се замесува тесто. Тестото се префла на набрашнета работна маса и се до измесува додека стане мазно. Се витка во проѕирна фолија и се остава во фрижидер околу 30 мин.
Калапот за кростата бр. 28 намачкајте го малку со маргарин и посипете го со брашно, а рерната вклучете ја да се загрее на 180 степени.
Се вади тестото од фрижидер, се остава одприлика 1/4 тесто за украсување, а другиот дел со сукало се развекува кора во големина на калапот. Се става во калапот, се подрамнува по ѕидовите и се боцка со вилушка. Се мачка со мармаладот и се украсува по желба со останатото тесто.
Ставете ја да се пече околу 30-35 мин, додека добие кремаста боја.
Кростатата послужете ја ладна посипана со шеќер во прав.