Посна карамел обланда
Во длабок сад на тивок оган го топиме шеќерот додека не добие карамел боја, потоа се додава водата и оставаме да се стопи и карамелизираниот шеќер. Потоа ги додаваме парчињата маргарин и чоколадо и постојано мешаме додека состојките не се соединат. Кога ќе се соединат садот го тргаме од оган и ги додаваме претходно мелените бисквити и промешуваме. Од добиената смеса во друг сад ставаме 3 лажици и во нив додаваме џем и какао. Обландата ја филуваме со страната на коцките, а откако ќе ја филуваме првата кора постапката ја повторуваме но со филот од џем и какао, а третата ја филуваме со претходниот фил. Обландата ја ставаме на ладно да се стегне и сечеме по желба.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови