
Карамел обланда
Ова е највкусната обланда што сум ја пробала. Рецептот е од стариот тефтер на мајка ми.
1. Шеќерот се става во тенџере на оган да се запече, односно да почне да се карамелизира. Кога ќе пожолти и ќе почне да замирисува, се додава млекото и ванилиот шеќер. Се намалува температурата на потивко и се остава да врие додека карамелот убаво не се растопи. Кога е целосно стопено и последното зрнце карамел, зовриеното млеко се трга од огнот. Во него се додаваат бисквитите и оревите Се меша убаво и во жешката смеса се става маргаринот, путерот и чоколадото за готвење. Се меша додека се убаво се растопи.
2. Со добиениот фил се филуваат обландите, се потискаат со нешто рамно за да не се свиткаат и се оставаат на ладно да се здрват.
Се сече следниот ден.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови