Овој рецепт за посен еурокрем, со мали промени во состојките на ист начин можете да го направите да биде мрсен, онака како вам ви одговара. Одличен е за доручек, а може и за вечера за време на пости.

1. Во тенџере ставете ја водата и шеќерот. Кога ќе зоврие оставете да поврие 3-4 минути. Тенџетето се трга настрана и мешајќи со жица пополека се додава млекото во прав, внимавајќи да не се прават грутчиња.

2. Во топлата смеса се додава маргаринот да се стопи, се додава чоколадото и тоа да се стопи со мешање. Се додаваат мелените испечени лешници, се изедначува.

3. Додека е уште млак еурокремот истурете го во тегличка.

На ист начин може да се направи и бел еурокрем со бело чоколадо и путер и наместо лешници може да се додадат мелени бадеми. Бидејќи не можев да најдам бело посно чоколадо, го направив само темниот.
На собна температура смесата е доволно течна за мачкање на леб.
Може да се искористи како фил за полнење колачи или пралини.
Пријатно!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани