Испечати

Посен еурокрем

Посен еурокрем

Состојки

  • 125 мл. вода
  • 200 гр. шеќер
  • 125 гр. маргарин
  • 150 гр. растително млеко во прав (со вкус на ванила)
  • 150 гр. темно чоколадо (посно)
  • 50 гр. мелени печени лешници
  • по желба арома ванила или лешник

Подготовка

Овој рецепт за посен еурокрем, со мали промени во состојките на ист начин можете да го направите да биде мрсен, онака како вам ви одговара. Одличен е за доручек, а може и за вечера за време на пости.

1. Во тенџере ставете ја водата и шеќерот. Кога ќе зоврие оставете да поврие 3-4 минути. Тенџетето се трга настрана и мешајќи со жица пополека се додава млекото во прав, внимавајќи да не се прават грутчиња.

2. Во топлата смеса се додава маргаринот да се стопи, се додава чоколадото и тоа да се стопи со мешање. Се додаваат мелените испечени лешници, се изедначува.

3. Додека е уште млак еурокремот истурете го во тегличка.

На ист начин може да се направи и бел еурокрем со бело чоколадо и путер и наместо лешници може да се додадат мелени бадеми. Бидејќи не можев да најдам бело посно чоколадо, го направив само темниот.
На собна температура смесата е доволно течна за мачкање на леб.
Може да се искористи како фил за полнење колачи или пралини.
Пријатно!