Полнет француски тост
Францускиот тост според мене е исто она, што ние го знаеме како пржено лепче, само што начин на кој се спрема е многу поздрав, и обично францускиот тост е во блага варијанта, а не солена.
Јас одбрав една малку збогатена варијанта на француски тост, а секако вие може да го спремате и обично, без да го полните лепчето. За полнењето употребив маркарпоне сирење по рецептот на нашата Теофанија.
Плус и со овие керамички тави со нелепливо дно, како што се Делиманото, може да го спремате со една лажица путер, така што нема цела куќа да ви мириса на прженици, туку на некоја вкусна пита.
1. Се матка јајцето, се додава млеко, ванилин шеќер и цимет.
2. Лепчињата се сечат малку подебели, па се засекуваат во средината, за да може да се наполнат со филот.
3. Филот може да се спреми со свежо овошје/џем/мармалад, или како во случајов со слатко, при што 4 лажици маскарпоне сирење се мешаат со 2 лажици слатко од вишни.
4. Лепчињата се полнат со 2 лажици од филот. Потоа се потопуваат убаво во смесата од јајце и млеко, и се пржат на загрена тава со нелепливо дно, со една лажица путер, додека не поруменат
Можете одозгора да ставите некој овошен прелив, но во случајов, бидејќи е полнет, јас ставив само шеќер во прав.
На здравје појадокот!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Баш ми е драго што си го направила маскарпоне сирењето, се надевам дека ти се допадна вкусот:) Поздрав!
http://moirecepti.mk/post/%D0%B4%D0%BE%D0%BC%D0%B0%D1%88%D0%BD%D0%BE-%D0%BC%D0%B0%D1%81%D0%BA%D0%B0%D1%80%D0%BF%D0%BE%D0%BD%D0%B5-%D1%81%D0%B8%D1%80%D0%B5%D1%9A%D0%B5/
прво солени, па преоѓам на благи пржени лепчиња. крај! :) :) :) :)