Полнети пиперки
Најпрвин го миеме убаво оризот и го исцедуваме од водата. Го сецкаме ситно кромидот и го запржуваме неколку минути. Ја додаваме солта. Го додаваме месото и зачините и пржиме десетина минути. Оризот го додаваме и пржиме уште неколку минути. Ги полниме пиперките со припремената смеса.
Јас овојпат за спремање на ова јадење го користев длабокиот сад со рачки од Делимано. Ги редиме во садот, ја додаваме врелата вода и ги вариме полнетите пиперки на тивок оган околу 1 час. Пред да ги тргнеме од ринглата правиме запршка и ги полеваме пиперките. Оставаме уште десетина минути. Овој денешен ручек ни беше многу вкусен. Се надевам дека и на вас ќе ви се допадне. Добар апетит.
Лиценца: Сите права се задржани