Испечати

Полнети пиперки

Полнети пиперки

Состојки

  • 9 пиперки ( бабури или по желба)
  • 400 грама мешано мелено месо
  • 200 грама ориз
  • 6 лажици зејтин
  • 1 главица кромид
  • 2 лажички сол
  • 2 лажички вегета
  • 1 лажичка сув магдонос или свеж
  • 1/ 2 лажичка мелен црн бибер
  • за подпршка
  • 3 лажици зејтин
  • 1 лажичка црвен пипер
  • 4 чаши вода од 250 мл врела вода

Подготовка

Најпрвин го миеме убаво оризот и го исцедуваме од водата. Го сецкаме ситно кромидот и го запржуваме неколку минути. Ја додаваме солта. Го додаваме месото и зачините и пржиме десетина минути. Оризот го додаваме и пржиме уште неколку минути. Ги полниме пиперките со припремената смеса.
Јас овојпат за спремање на ова јадење го користев длабокиот сад со рачки од Делимано. Ги редиме во садот, ја додаваме врелата вода и ги вариме полнетите пиперки на тивок оган околу 1 час. Пред да ги тргнеме од ринглата правиме запршка и ги полеваме пиперките. Оставаме уште десетина минути. Овој денешен ручек ни беше многу вкусен. Се надевам дека и на вас ќе ви се допадне. Добар апетит.