Полнети кифлички
Рецепти за кифлички има безброј, така да денес ја пуштив фантазијата да работи и излезе овој рецепт. Многу ми се допадна тестото и приметив дека кога на тестото се става павлака или јогурт тогаш е најмеко.
Се замесува тесто од дадените состојки и се остава да стаса, се размесува и пак се остава да одмори, а во меѓувреме си го правите филот. Шунката и кашкавалот се стават во сад, им се додаваат ренданите краставички и кечапот, па се размешуваат и се зачинуваат со пица зачинот. Кога е готово тестото се дели на топчиња, големината по ваша желба(јас ги правев малку поголеми), секое топче се расукува како на сликата и на едниот крај се става фил и се мота кифличка. Се редат во плех, се покриваат со крпа и се оставаат уште 15 минути да се одморат. Се премачкуваат со разматена жолчка, се попрскуваат со сусам и на секоја кифличка се става по една мала коцка маргарин. Се печат на 200 да заруменат убаво.
Лиценца: Сите права се задржани