Полжавчиња со мед
Во длабок сад ставаме омекнат маргарин на собна температура мед, шеќер, брашно и печиво. Месиме убаво мазно тесто кое не се лепи за рацете и убаво се обликува. Доколку е потребно додадете уште малку брашно. Зависно од големината на јајцето може да е потребно уште малку брашно.
Земаме парче од тестото формираме топче колку големина на орев, а од топчето мала ролна ролната од едниот крај ја истенчуваме. Го земаме задниот дел и влечеме на предниот дел оставаме 2цм за главата, а на другиот дел ја мотаме куќичката.
Делот за главата малку го развлекуваме хоризонтално надолу ги спуштаме нозете, а нагоре рокчињата.
Така готови ги редиме во намрсен плех или на хартија за печење и печеме на 170 степени околу 20 минути. Оладени ги декорираме, куќичката со црна чоколада и ја обележуваме со бела.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Cestit Veligden :)