Испечати

Полжавчиња со мед

Полжавчиња со мед

Состојки

  • 50 гр маргарин
  • 100 гр мед
  • 1 јајце
  • 2/3 шолја(100мл) шеќер
  • 250 гр брашно
  • 5 гр пециво
  • за декорација
  • 100 гр црна чоколада
  • 50 гр бело чоколада

Подготовка

 Во длабок сад ставаме омекнат маргарин на собна температура мед, шеќер, брашно и печиво. Месиме убаво мазно тесто кое не се лепи за рацете и убаво се обликува. Доколку е потребно додадете уште малку брашно. Зависно од големината на јајцето може да е потребно уште малку брашно.
Земаме парче од тестото формираме топче колку големина на орев, а од топчето мала ролна ролната од едниот крај ја истенчуваме.  Го земаме задниот дел и влечеме на предниот дел оставаме 2цм за главата, а на другиот дел ја мотаме куќичката.
Делот за главата малку го развлекуваме хоризонтално надолу ги спуштаме нозете, а нагоре рокчињата.

Така готови ги редиме во намрсен плех или на хартија за печење и печеме на 170 степени околу 20 минути. Оладени ги декорираме, куќичката со црна чоколада и ја обележуваме со бела.