Вака подготвените тиквички одлично се комбинираат со кисела павлака и домат или пак шопска салата. Вистински летен ручек!

Подготовка
Тиквичките ги лупиме и рендаме на крупната страна од рендето. Ги посолуваме со прстофат сол и ги оставаме да пуштат вода. Ги процедуваме и ги мешаме со сечканиот магдонос како и со останатите состојки. Ги пржиме на загреано масло, од двете страни.

Забелешка
Смесата треба да ни биде густа за да може да се става со лажичка ама и кога ќе се пржи да може да се превртуваат плескавичките. Затоа, додадете брашно ако сметате дека треба , сепак тоа зависи од влажноста на тиквичките.
Може да ставите и ½ лажичка пециво или сода бикарбона. Јас овој пат ги исклучив од употреба, па и не се почувствува некоја разлика, ама можете да ставите сепак.
Ставив и пармезан, ама и не мора. Исто така јас многу го сакам интегралното брашно, затоа што ми дава посебен шмек на јадењата и пецивата, може и него да не го ставате, доколку ви е желба.
Кога ќе ги извадиме од маслото ги ставаме на кујнска хартија или салфетка за да се исцеди вишокот масло.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани