За плескавици/ќофтиња од тиквички има повеќе рецепти, но еве како ги спремам јас и многу се вкусни.
1. Тиквичките се рендаат на крупната страна од рендето, се посолуваат и се ставаат во цедалка околу половина час.
2. Се стегаат со рака за да се истисне остатокот од течноста, па се додава презлата, јајцето и зачини по желба (лук, рузмарин, сушено нане, оригано). Се меси кратко колку да се соединат состојките.
3. Од смесата се формираат плескавици и се пржат на загреано масло додека не поруменат. Некаде прочитав дека тиквичките се јадат и живи (иако јас немам пробано) па затоа не мора да чекате да поцрнат, доволно е само да бидат заруменети. Доколку ја користите Делимано тавата ќе можете да ги испржите со многу малку масло.
4. Откако се готови, плескавиците ги премачкуваме со павлака.
Уживајте!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови