Испечати

Плескавици од тиквички со павлака

Плескавици од тиквички со павлака

Состојки

  • 2 средни тиквички
  • 1 јајце
  • 100 гр презла
  • сол, зачини по желба: лук, рузмарин, сушено нане, оригано
  • павлака за сервирање

Подготовка

За плескавици/ќофтиња од тиквички има повеќе рецепти, но еве како ги спремам јас и многу се вкусни.
1. Тиквичките се рендаат на крупната страна од рендето, се посолуваат и се ставаат во цедалка околу половина час.
2. Се стегаат со рака за да се истисне остатокот од течноста, па се додава презлата, јајцето и зачини по желба (лук, рузмарин, сушено нане, оригано). Се меси кратко колку да се соединат состојките.
3. Од смесата се формираат плескавици и се пржат на загреано масло додека не поруменат. Некаде прочитав дека тиквичките се јадат и живи (иако јас немам пробано) па затоа не мора да чекате да поцрнат, доволно е само да бидат заруменети. Доколку ја користите Делимано тавата ќе можете да ги испржите со многу малку масло.
4. Откако се готови, плескавиците ги премачкуваме со павлака.
Уживајте!!!