На коцки ја сечеме сланината и кашкавалот. Ги додаваме кон меленото месо. Ситно го сечеме и лукот и него го додаваме кон меленото месо. На крај зачинуваме со зачините, додаваме маслинов зејтин и се заедно мешаме. Од оваа смеса правиме 4 плескавици кои ги редиме на намастена хартија во не многу голем плех. Ги премачкуваме и одозгора со зејтин и ги печиме на 180 степени 20 минути.
Едноставно и вкусно.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови