Гурманска плескавица со кашкавал
Рецептот е адаптиран од оригинален рецепт за лесковачка плескавица, направив мали измени и вметнав и кашкавал. Плескавиците со топ, направив 4, за сите дома по една - вистинско гурманско уживање.
Сите состојки за плескавиците (освен кашкавалот) убаво измешајте ги, измесето со рака ако е потребно. Вака подготвеното месо, покријте го со најлон и ставете го во фрижидер да отстои неколку часа, а може и преку ноќ.
Потоа поделете го на 8 дела.
Исплескајте го едниот дел, ставете во средината кашкавал и одозгора покријте го со уште еден дел од смесата и оформете убава плескавица.
Јас ги печев на рингла една по една со сосема малку масло во Делимано коперлукс тавата. Може и да ги печете на скара секако. Потребно време за печење е по околу 10 минути од страна.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови