Гурманска плескавица со кашкавал
Состојки
- 300 г мелено свинско месо
- 300 г мелено говедско месо
- 1 главица кромид, ситно исечкан
- 1 чешне лук, сечкано
- 1 лажичка буковска пипер
- 50 г димена сечкана сланина
- половина лажиче црн бибер
- 1 лажиче сол
- 70 мл кисела вода или вода помешана со сода бикарбона
- 2 лажици масло
- рендан кашкавал по потреба
Подготовка
Рецептот е адаптиран од оригинален рецепт за лесковачка плескавица, направив мали измени и вметнав и кашкавал. Плескавиците со топ, направив 4, за сите дома по една - вистинско гурманско уживање.
Сите состојки за плескавиците (освен кашкавалот) убаво измешајте ги, измесето со рака ако е потребно. Вака подготвеното месо, покријте го со најлон и ставете го во фрижидер да отстои неколку часа, а може и преку ноќ.
Потоа поделете го на 8 дела.
Исплескајте го едниот дел, ставете во средината кашкавал и одозгора покријте го со уште еден дел од смесата и оформете убава плескавица.
Јас ги печев на рингла една по една со сосема малку масло во Делимано коперлукс тавата. Може и да ги печете на скара секако. Потребно време за печење е по околу 10 минути од страна.
На здравје