Испечати

Плескавица со сланина и кашкавал

Плескавица со сланина и кашкавал

Состојки

  • Состојки
  • 400 гр мелено месо
  • 100 гр сланина
  • 100 гр кашкавал
  • 4 чешниња лук
  • 2 лажици маслинов зејтин
  • Од зачини сол,црн бибер, буковец сол

Подготовка

На коцки ја сечеме сланината и кашкавалот. Ги додаваме кон меленото месо. Ситно го сечеме и лукот и него го додаваме кон меленото месо. На крај зачинуваме со зачините, додаваме маслинов зејтин и се заедно мешаме. Од оваа смеса правиме 4 плескавици кои ги редиме на намастена хартија во не многу голем плех. Ги премачкуваме и одозгора со зејтин и ги печиме на 180 степени 20 минути.
Едноставно и вкусно.