29
ное
2014
Плашици-Гирици
Одвечер исчистените рипчиња се посолуваат со 2 супени лажици сол и се оставаат цела вечер во фрижидер.
Другиот ден се припремаат. Вака да бидат повкусни, а може да се прават и веднаш.
Потоа се валкаат посолените рипчиња во брашно измешано со пипер и се редат во загреана тепсија намрснета со масло да се потпечат 10мин. Потоа се вади тепсијата и се прелеваат плашиците со 500 мл вода во кое има рендано лукче и киселина. Се вракаат во релна и се допекуваат додека да испари водата и да поруменат околу 35мин. Се служат со рестован компир. На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани