1
ное
2012
Пишиите на баба
Се замесува тестото од сите состојки. (Јас тоа редовно го правам во апаратот за леб) Се дели на 13-15 топчиња и секое од нив се расукува во мала кора. Се оставаат да постојат 15 минути и се пржат во тава на малку масло...
Така, на лесен и брз начин, добивате мирис и вкус кој освојува со својата едноставност!
И се разбира, буди спомени на едно прекрасно детство!
Се надевам дека некогаш овој вкус ќе ја носи истата радост и во домовите на моите деца!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Инаку, мене вкусот вооопшто не ме потсеќа на палачинки. Единствена сличност ми е тавчето во кое се пржат, ама сепак има повеќе зејтин...
Инаку, точно е дека пишиите се најубави кога се топли. Она што мене ми ги прави посебни е баш шмекот што го дава содата. А и за 30 минути можеш да ја изненадиш свекрвата! :))))))
Ве молам за помош, имам апарат „вивакс“ па ми треба испробан рецепт за домашен леб. Благодарам!!!