Испечати

Пишиите на баба

Пишиите на баба

Состојки

  • 500 гр. брашно
  • 300 мл. млака вода
  • 2 лажици масло
  • 1 кафена лажичка сол
  • 1 кафена лажичка шеќер
  • 1 кафена лажичка сода бикарбона
  • 1 кафена лажичка прашок за пециво

Подготовка

Се замесува тестото од сите состојки. (Јас тоа редовно го правам во апаратот за леб) Се дели на 13-15 топчиња и секое од нив се расукува во мала кора. Се оставаат да постојат 15 минути и се пржат во тава на малку масло...
Така, на лесен и брз начин, добивате мирис и вкус кој освојува со својата едноставност!
И се разбира, буди спомени на едно прекрасно детство!
Се надевам дека некогаш овој вкус ќе ја носи истата радост и во домовите на моите деца!