20
сеп
2014
Пица од палента со 4 вида сирење
Водата со солта и путерот се става да зоврие. Откако ќе зоврие постепено се додава палентата и се меша со жица. Се вари околу 4-5 мин.
Се истура во плех намачкан со масло и се рамни. Се остава малу да излади.
Палентата се премачкува со доматното пире и над него се ставаат сите вида на сирење.
Се става да се печи во претходно загреана рерна на 200 степени околу 15-20 мин. убаво да се стопи сирењето.
Се вади од рерна и се посипува со малку оригано, се остава малку да олади и се служи.
Лиценца: Сите права се задржани