Испечати

Пица од палента со 4 вида сирење

Пица од палента со 4 вида сирење

Состојки

  • 375 гр палента
  • 1,5 л вода
  • 2 лажици путер
  • по вкус сол
  • Фил за одозгора
  • 120 гр моцарела исецкана на мали коцки
  • 120 гр горгонзола (плаво сирење)
  • 120 гр рендан кашкавал
  • 3 лажици пармезан
  • 4-5 полни лажици доматно пире
  • по потреба оригано
  • по потреба масло за мачкање на плехот

Подготовка

Водата со солта и путерот се става да зоврие. Откако ќе зоврие постепено се додава палентата и се меша со жица. Се вари околу 4-5 мин.
Се истура во плех намачкан со масло и се рамни. Се остава малу да излади.
Палентата се премачкува со доматното пире и над него се ставаат сите вида на сирење.
Се става да се печи во претходно загреана рерна на 200 степени околу 15-20 мин. убаво да се стопи сирењето.
Се вади од рерна и се посипува со малку оригано, се остава малку да олади и се служи.