Пита со јагоди
За овој рецепт ме инспирираше една слика која ја видов неодамна. Таму беше пита со вишни, но сега е сезона на јагоди па треба да се искористат максимално.
1. Се сее брашното и се меша со прашокот за пециво. Се додава ладниот путер исечен на коцкички, шеќерот и водата и брзо се замесува тесто. Тестото се завиткува во проѕирна фолија и се става во фрижидер околу 30 минути.
2. За тоа време се припрема филот. Јагодите се мијат и се сецкаат на половинки ако се поголеми. Малите одат цели. Се мешаат со шеќерот, ванилиниот шеќер и медот. Потоа се додава и густинот и се се измешува.
3. Тестото се вади од фрижидер и се дели на два дела (1/3 и 2/3). Поголемиот дел од тестото се расукува и се става во тавчето каде ќе се пече (моето е со дијаметар 25 см, а мислам дека може до 28 см). Се обложуваат и ивиците со тесто. Јас не го расукував, туку го ставив директно во тавчето и го распределив со раце. Врз подлогата од тесто се ставаат спремените јагоди. Одозгора се прекриваат со останатата 1/3 од тестото. Може да се расука кора, да се вадат лентички и да се ставаат вкрстено како решетка. Јас се одлучив да ставам форми кои ги вадев со модла. Така ми беше поинтересно, а од таму и се почна.
4. Питата се пече на 200 степени околу 40-45 минути.
5. Се сече кога е веќе оладена, ако може да издржите. Ние не можевме.
По желба може да се послужи со топка сладолед од ванила. Ние имавме како прилог шлаг, но пола од фамилијата уживаше само во тортата.
Лиценца: Сите права се задржани