Пити се секогаш добредојдени на трпеза, особено солени верзии по мој вкус, еден вид на медитеранска пита само ги изоставив доматите, па нека и ваква премногу си ја засакав, нема ни сусам во преписот што го имам по сусамли питата е работена со сусам. Кој не го сака можи тестото да го стави врз хартија за печење, на крај испадна сосема нов рецепт кој ги задоволи нашите барања, но да започнам.

Квасецот се зафаќа настрана во сад со 50-тина мл. вода, лајца брашно, малку шеќер (се е вообичаено), кога стаса се додава во садот со брашно, млака вода, сол, јогурт на собна температура отстојан, се меси глатко тесто со премека текстура, се остава 1 саат да надојди.

За преливот
Павлаката се меша со истолчен лук, маслото и магдонос сечкан, заедно. Маслинките на покрупно се сечкаат.

Кога стаса тестото не се меси туку веднаш се витка како плик на сите 4 страни се преклопува, веднаш се остава во плехот, кој јас го премачкав маргарин и посипав сусам. Така се остава 30 мин, после со прсти намастени со масло се притиска тестото се додека не ја зафати цела површина на плехот, се прелева премазот кој се рамни врз цела површина, се прават дупки со палец од површината се до дното на плехот. Во секоја се става малку куркума прав и маслинка, одгоре се рони сирење, оригано, сусам. Се остава уште 30 мин.

Се печи на 200, додека зарумени (некои 25 мин.) се вади од рерна се роси рендан кашкавал (жолто сирење) се враќа некоја минутка само да се истопи в рерна....и готово,чекањето се исплатии..

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови