Пита со кашкавал и павлака
Питава излезе случајно, сакајки да ги искористам сувомесните од фрижидер.
Се замесува тестото и се остава 30 минути покриено да стаса. Кога е стасано се дели на 2 дела, од кои едниот се развлекува во круг и се става во кружна тепсија покривајки ги рабовите и дното. На дното од тестото се редат прво пилешките гради, па шунката со маслинки, чајната, кашкавалот, доматот и на крај се става со лажица павлаката ама не се размачкува туку се остава на купчиња.
Вториот дел од тестото се развлекува со сукалото и со него се покрива питата. Рабовите се прицврстуваат убаво, се премачкуваат со разматено јајце и се посипуваат со сусам.
Се пече во загреана рерна на 220 ц околу 15 минути, па се вади од рерна, одозгора се премачкува со 100 мл павлака разматена со остатокот од јајцето и врз павлаката се реди ајдамерот. Се враќа во рерна да се допече уште некои 10-15 минути. Кога ќе се испече се остава малку да се подолади во тепсијата.
Ишто да ви кажам излезе превкусна...БОН АПЕТИТ
Лиценца: Сите права се задржани