Ова ми е едно од омилените јадење. Првпат го пробав во ресторан и со инсистирање подолготрајно, го добив и рецептот. Фурнаринките сама си ги правам дома, значи задолжително ви препорачувам да си направите фурнаринки или некое лепче домашно топло за ова јадење. Ако не јадите луто, феферончето изоставете го, по мое мислење му дава убав шмек на јадењето, а запржената сланина му дава маснотија на стекот и прекрасна арома.

1. Посоленото и побиберено пилешко се сечка на парчиња и се запржува. Во истото масло се запржува и сецканата сланина.
2. Откако ќе се испржат, се ставаат во земјен сад и се додаваат корнишоните и феферончето исечкани на парчиња и се промешуваат.
3. Се додава павлаката, се меша и одозгора се става ренданиот кашкавал.
4. Се пече во рерна на 220 степени дур не се запечи и да се растопи кашкавалот.