Подготовка:

1. Од наведените состојки измесете глатко тесто.

2. Тестото поделете го на два малку различни, по големина, дела и оформете ги во топки.
Поголемата расукајте ја во круг и обложете ја во намастена и набрашнета тава за тарт по дното и по страните. Ставете ја тавата и останатото тесто во фрижидер околу 20на мин.

3. Во меѓувреме спремете го филот, кој оди многу брзо и лесно, сиров.
Едноставно измешајте ги сите состојки и почекајте до времето на ладење на тестото.

4. Потоа, ставете го врз расученото тесто и убаво распоредете го, па расукајте ја и другата топка тесто и покријте одозгора.

5. Печете во загреана рерна на 190С околу 30на минути.

6. Печената пита кога ќе подизлади извадете ја на решетка да се доизлади и потоа поросете ја со шеќер во прав.

Забелешка: Питата можe да ја спремите и со друго црвено, т.е. зрнесто овошје, како на пример, малини, боровикни, микс од црвено овошје и сл. Со капините се покажа особено вкусна.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови