Пита со капини
Подготовка:
1. Од наведените состојки измесете глатко тесто.
2. Тестото поделете го на два малку различни, по големина, дела и оформете ги во топки.
Поголемата расукајте ја во круг и обложете ја во намастена и набрашнета тава за тарт по дното и по страните. Ставете ја тавата и останатото тесто во фрижидер околу 20на мин.
3. Во меѓувреме спремете го филот, кој оди многу брзо и лесно, сиров.
Едноставно измешајте ги сите состојки и почекајте до времето на ладење на тестото.
4. Потоа, ставете го врз расученото тесто и убаво распоредете го, па расукајте ја и другата топка тесто и покријте одозгора.
5. Печете во загреана рерна на 190С околу 30на минути.
6. Печената пита кога ќе подизлади извадете ја на решетка да се доизлади и потоа поросете ја со шеќер во прав.
Забелешка: Питата можe да ја спремите и со друго црвено, т.е. зрнесто овошје, како на пример, малини, боровикни, микс од црвено овошје и сл. Со капините се покажа особено вкусна.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
капините се бесплатни и растат насекаде. малку се незгоди за берење, но со добра забава не се ни осетува дека се бранат со своите трња :))) така, овде има околу кг овошје, кое мене ми презими цела зима во фрижидерот, а имам и уште некое пакетче. мораше да се трошат, крајно време беше. и испадна оваа совршена пита. верувајте иако е цела на фил, пресекот е правен уште топла, бидејќи секогаш десетите ги делам со пријатели, па ситуацијата во овој сличај не даваше да се чека. пресекот, ха!, за мерак. за мерак и следниот ден за јадење ;)
исто така и за изборот на рецептот, посебно благодарам тим МР :)