1. Во тенџере на оган се пропржува ситно исечениот праз, ренданото сирење и кајмакот. Откако филот ќе се соедини се трга од оган.

2. Во друг сад се мешаат 1 чаша масло, 1 чаша газирана вода и 1/2 прашок за печиво со што се премачкува секоја кора.

3. Се ставаат 2 кори (премачкани со погоре споменатата мешавина) една врз друга, а врз нив се става од филот со праз и се виткаат во ролни.
Постапката се повторува додека не се потрошат сите кори.

4. Плехот се обложува со хартија за печење која се премачкува со масло. Се пече 20 минути на температура од 180 степени.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани