4
јан
2021
Пилешко со свински врат и кашкавал
Пилешко на малку поинаков начин.
1. Прво пилето го ставаме да се вари со зачин од сушен зеленчук и бибер. Откако е варено и оладено(за да може да се работи), се отстарануваат сите коски и кожата.
2. Во тава, претходно подмачкана со маслиново масло се реди месото. Врз него се додава половина од кашкавалот(рендан). Врз кашкавалот ставаме подебело исечен свински врат(300 грама беа 6 парчиња). Врз свинскиот врат го рендаме останатиот кашкавал.Матиме 400 грама павлака со 3 јајца и полеваме врз кашкавалот. На крај поросуваме со оригано.
3. Го печеме околу 30 минути на 200 степени додека да порумени.
Вкусен ручек кој топло ви го препорачувам.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Jas go znam i podgotvuvam kako cupavo pile