25
јан
2015
Крокети од компири со свински врат и кашкавал
Компирите се варат во солена вода.
Откако ќе се сварат се пасираат и се додава веднаш маргаринот и се размешува за да се стопи.
Откако малку ќе се подизлади смесата се додава јајцето, вратот и кашкавалот и се промешува повторно за да се соединат.
Од смесата се прават топчиња, јас си ги набрашнив рацете додека ги формирав топчињата бидејќи се лепи смесата.
Топчињата прво се валкаат во брашно, па во јајце па во измешаните презла и сусам и се пржат во поголема количина на масло.
Јас ги пржев во тенџере, тесно а високо.
Од оваа смеса мене ми излегоа 35 крокети.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови