Испечати

Пилешко со свински врат и кашкавал

Пилешко со свински врат и кашкавал

Состојки

  • Состојки
  • 1,2 кг пиле(1 средно големо пиле)
  • 300 гр свински врат
  • 400 гр кашкавал
  • 400 гр кисела павлака
  • 3 јајца
  • зачин од сушен зеленчук, маслиново масло, бибер, оригано

Подготовка

Пилешко на малку поинаков начин.

1. Прво пилето го ставаме да се вари со зачин од сушен зеленчук и бибер. Откако е варено и оладено(за да може да се работи), се отстарануваат сите коски и кожата.

2. Во тава, претходно подмачкана со маслиново масло се реди месото. Врз него се додава половина од кашкавалот(рендан). Врз кашкавалот ставаме подебело исечен свински врат(300 грама беа 6 парчиња). Врз свинскиот врат го рендаме останатиот кашкавал.Матиме 400 грама павлака со 3 јајца и полеваме врз кашкавалот. На крај поросуваме со оригано.

3. Го печеме околу 30 минути на 200 степени додека да порумени.

Вкусен ручек кој топло ви го препорачувам.