
2
ное
2015
Пилешко во праз и сос од патлиџан
Во тек е сезоната на праз.Затоа еден брз рецепт со праз кој може да замени оброк или да ве одсрами пред гости.
Пилешкиот стек го сечеме на коцки и го ставаме да се пржи во зејтин,
Празот го сечеме на ситно и го додаваме во стекот.
Откако ќе се запржат стекот и празот во нив го додаваме сосот од црвен патлиџан.
Зачинуваме по вкус.
Оставаме да се динста на тивко и повремено мешаме.
Кога ќе е готово, пред да го тргнеме од оган додаваме 20-25 маслинки.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови